17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Ги зајакнува коските, го чува здравјето на срцето и ги штити очите: Еве зошто никогаш не е доста од спанаќ во исхраната

Најчитани вести

Спанаќот е намирница која лесно може да се примени на различни начини во кујната и е многу корисна за здравјето.

Богат е со витамините А, Ц и К, натриум, калциум, магнезиум, фолна киселина и железо, а покрај тоа содржи и растителни влакна важни за варењето и здравјето на дигестивниот систем.

Еве кои се 3-те најважни придобивки од консумирањето спанаќ:

Ги зајакнува коските

Консумирањето спанаќ е брз начин за надополнување на нивото на многу корисни материи во организмот, а тоа првенствено влијае на здравјето на коските, репродуктивните органи и го подигнува нивото на енергија. Иако е богат со железо, треба да се напомене дека организмот апсорбира само 10 отсто од него, а тоа е важно за жените бидејќи, статистички гледано, секоја трета жена се соочува со недостиг на оваа супстанца во организмот.

Добар е за срцето

Спанаќот е богат со нитрати кои имаат позитивен ефект на здравјето на срцето. Постојат и истражувања кои покажуваат дека намирниците богати со овие супстанции можат да ги ублажат ефектите од срцев удар.

Ги штити очите

Спанаќот содржи лутеин и зеаксантин, моќни антиоксиданти кои се поврзани со доброто здравје на очите. Тие всушност спречуваат дегенерација на макулата (делови од рожницата) и појава на катаракта, кои се водечки причини за слепило.

Сите ја знаеме приказната за Попај и за тоа како неговите мускули зајакнуваат кога јаде спанаќ. Но, дали спанаќот навистина е толку добар за мускулите? Секако не смета, но потребни се повеќе истражувања за детално да се знае сè за тоа.

Многумина ги споредуваат неговите состојки со оние кои ги има кељот, кој е всушност побогат со калциум и витамин Б6 од спанаќот, но сепак содржи помалку железо, магнезиум и калиум. Ова значи дека и едната и другата намирница треба да бидат дел од здравата исхрана, а еве како можете да го направите тоа со спанаќот:

Како салата

Свежиот спанаќ може да се користи како основа за салата, а може да се користи и за комбинирање на разни видови намирници како грејпфрут, јаболка, леблебија, пиперки, зачини, сирење и сл.

Како смути

Спанаќот е благодарен што се комбинира и како дел од смути бидејќи ги потпомага ефектите од вежбањето и физичката активност. Може да го комбинирате со 300 мл. вода, боровница, малини, грчки јогурт, мед и потоа добро да изблендирате.

Како прилог

Не само што оди со овошје и зеленчук, туку и со месо, на пример бифтек или шницла и компири. Можете да го бланширате или динстате и така да го додадете во јадењата бидејќи ја подобрува апсорпцијата на железо од другите намирници.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести