6 C
Skopje
Wednesday, April 14, 2021

Ги запали социјалните мрежи: Лејди Гага „РАСТУРИ“, а за нејзиниот настап ќе се зборува со години!

Најчитани вести

Само неколку музичари добиваат можност претседателот да ги избере за да ја изведат националната химна на нивната инаугурација. На заклетвата на 46-от американски претседател Џо Бајден, оваа чест и припадна на Лејди Гага, која ги исполни сите очекувања пред насобраните во Капитол, но и милиони луѓе низ целата земја и Светот кои присуствуваа на инаугурацијата, излезе во свој стил.

„Пеењето на нашата национална химна за американскиот народ е огромна чест за мене. Ќе пеам за време на церемонијата, во моментот на транзиција. За мене, тоа има и тоа какво значење“ напиша, само неколку минути пред да се појави пред идниот американски претседател Џо Бајден и сите гости во Капитол, неповторливата Лејди Гага.

 „Мојата намера е да го признаам нашето минато, да бидем лек за нашата сегашност и страствена за нашата иднина за која работиме заедно со љубов. Ќе пеам во срцата на луѓето што живеат на оваа земја!“

На историскиот ден за Америка, Лејди Гага доби чест да ја пее американската химна за Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис на инаугурацијата на претседателската функција, а 34-годишната добитничка на Греми го стори тоа беспрекорно, полна со емоции.

И само за неа се зборуваше во милиони домови низ Америка и Светот, бидејќи нејзиниот влез беше навистина посебен. Држејќи под рака војник во церемонијална униформа, Гага мина покрај обезбедувањето и излезе од Капитол на дневна светлина.

Ништо помалку од фустан од висока мода направен само за неа, а што не ни очекувавме. Нејзината креација го носеше потписот Schiaparelli Haute Couture дизајниран од Даниел Розбери, и се состоеше од темно сина кашмирска јакна од која продолжуваше преголемото црвено свилено здолниште, додека на нејзините гради имаше огромна брош од златни гулаби, како симбол на мирот.

Исто така златен беше и микрофонот кој цврсто го држеше во рацете, како и слушалките во кои ја слушаше музиката.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести