4.8 C
Skopje
Sunday, April 2, 2023

Гир потсети дека Европскиот парламент и бугарското МНР се оградија од изјавите на Џамбаски

Најчитани вести

Европскиот парламент и бугарското Министерство за надворешни работи се дистанцираа од изјавите на европратеникот Ангел Џамбаски за територијални претензии кон Северна Македонија, потсети евроамбасадорот Дејвид Гир.

Според амбасадорот Гир, вчерашните изјави на Џамбаски против претседателот Стево Пендаровски кои може да се толкуваат како закана „апсолутно не не се позиција на ЕУ“.

– Овие изјави не се одраз на вредностите на кои почива Европската Унија. Неприфатливо е јавна личност да дава такви изјави за кого било, уште помалку за демократски избран претседател на една суверена држава, вели Гир.

Бугарскиот европратеник Џамбаски вчера преку социјалните мрежи индиректно упати закани до претседателот Пендаровски.

– Што претставува за нас една таква забрана? Да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерната и дека во минатото и други се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија, а последниот таков пример е со југословенскиот, со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа, напиша Џамбаски.

Најнови вести