24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

Гир позитивно го оценил обновувањето на дијалогот со Бугарија

Најчитани вести

Премиерот и евроамбасадорот на средбата во Владата зборувале и за продолжување на реформите и нивно динамизирање особено на оние во правосудството

Шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир, позитивно го оценил обновувањето на дијалогот со Бугарија, соопштија од Владата откако евроамбасадорот денеска бил на средба со премиерот Димитар Ковачевски.

„Премиерот Ковачевски акцентираше дека приоритети на новата Влада остануваат евроинтеграциите, како и преземање соодветни мерки за совладување на здравствената и енергетската криза, кои се глобален проблем. Евроамбасадорот Гир му упати честитки на премиерот Ковачевски по повод новата функција, изразувајќи позитивни оценки за актуелните чекори преземени од Северна Македонија и Бугарија“, велат од Владата.

Премиерот и евроамбасадорот зборувале и за продолжување на реформите и нивно динамизирање особено на оние во правосудството, а станало збор и за борбата против корупцијата и криминалот, за создавањето ефикасна администрација и за политиките од Зелената агенда за Западен Балкан, како дел од Европскиот зелен договор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com