15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Гир: Да се удвојат напорите помеѓу Северна Македонија и Бугарија за договор

Најчитани вести

Јас ја разбирам фрустрацијата поради непочнувањето на преговорите со вашата земја. Во таква ситуација и во такви околности најдоброто решение и најдобриот пат напред е да можат да се удвојат напорите помеѓу двете земји сѐ со цел да може да се дојде до договор кој ќе биде прифатлив за Северна Македонија и за Бугарија. Ова беше одговорот на Дејвид Гир, амбасадорот на ЕУ од Тетово на прашање од новинарите кога е можна меѓувладина конференција за почеток на преговорите на ЕУ со земјава.

– Се разбира тоа и го прават Северна Македонија и Бугарија, тие се ангажирани цело време на начин да можат да дојдат до взаемно прифатливо решение, взамено прифатлив договор – рече евроамбасадорот.

Тој порача дека втора работа што треба да ја направи земјава е да продолжи со имплементација и реализација на процесот на реформите.

– Со други зборови тоа би значело Владата да продолжи со имплементација на процесот на реформите. Имплементација токму на тие реформи кои ќе ја приближи земјата до ЕУ и се разбира ќе доведе до крајната цел полноправно членство во ЕУ – истакна Гир.

Тој потсети дека следниот чекор е усогласување на преговарачката рамка помеѓу сите 27 земји членки на ЕУ, што не се случи при крајот на минатата година поради немање едногласност.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести