Home » ГЕСТОТ ШТО ГИ РАЗНЕЖНИ СИТЕ: Шарлот се измори во еден миг, па тато Вилијам ѝ помогна

ГЕСТОТ ШТО ГИ РАЗНЕЖНИ СИТЕ: Шарлот се измори во еден миг, па тато Вилијам ѝ помогна

by Журнал.мк

За децата на Кејт Милдтон и принцот Вилијам, централната прослава на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, која беше организирана минатата недела, од втори до петти јуни, беше посебна, но и напорна манифестација.

На видеото кое е објавено на Твитер, гледаме дека принцезата Шарлот Елизабет Дијана во еден момент навистина се изморила. Нејзиниот татко, војводата од Кембриџ, не го пропушти тоа и веднаш ѝ дојде на помош. Ја погали ќерка си по косата и ѝ кажа нешто што ја смири.

Princ Vilijam sa ćerkom Šarlton na proslavi Platinastog jubileja foto: screeshot/BBC

Малата Шарлот заедно со нејзините браќа беше меѓу водечките ѕвезди на прославата. Нејзиниот постар брат Џорџ повторно ги освои симпатиите на јавноста, додека најмладиот Луис ја однесе победата во палавостите.

За овие пакости пишуваа и Кејт и Вилијам на инстаграм-профилот на Кенсингтонската палата, а исто како и во случајот со Шарлот и Вилијам, и малиот Луис мама успеа да го смири, утеши и охрабри.

Но за време на прославата се случи момент кога Шарлот го смири палавиот Луис учејќи го како да се однесува. Но и моментот кога таа го држи за рака додека се вози во кочија на роденденската парада во Лондон.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More