Home » Германци со скриена камера снимале голи деца на плажа во Хрватска

Германци со скриена камера снимале голи деца на плажа во Хрватска

by Журнал.мк

Имено, полицијата во Ровињ спровела кривична истрага против двајца германски државјани на возраст од 48 и 79 години поради сомнение дека сториле кривично дело искористување деца за порнографија.

Според полицијата, во саботата гостите од кампот во близина на Ровињ забележале сомнително однесување на двајца мажи и веднаш ги известиле обезбедувачите кои повикале полиција.

Полициски службеници уапсиле две лица осомничени дека снимале голи деца на базенот и на пловечкиот воден парк, а по наредба на надлежниот суд извршиле претрес во возилото и мобилниот кампер во кој престојувале германските државјани. При претресот, полициските службеници пронашле и одзеле рачно изработен апарат за снимање, лаптоп, камера, МП3 плеер, четири мобилни телефони, седум УСБ стикови и други предмети.

Во текот на кривичната истрага било утврдено дека двајцата мажи го ставиле рачно изработениот уред за снимање во торба која личела на пренослив ладилник и на тој начин ги снимале голите деца.

По завршувањето на криминалистичката истрага вчера вечер, полицијата двајцата осомничени ги привела во притвор на Полициската управа на Истра.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk