14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Германците сакаат да се на врвот: „Volkswagen“ планира да ја престигне „Tesla“ до 2025 година

Најчитани вести

„Volkswagen“ сака да стане најголемиот светски произведувач на електрични автомобили до 2025 година.

Германскиот автомобилски гигант неодамна ја претстави својата стратегија за наредниот период и соопшти дека очекува до 2030-та година, половина од продадените возила на светскиот пазар да бидат електрични автомобили со батерии.

Пред да се случи тоа, „Volkswagen“ сака да ја престигне „Tesla“ до 2025 година и да стане најголемиот светски произведувач на електрични возила, пренесува „Reuters“.

Оваа проценка е прилично оптимистичка, ако се знае дека во 2020-та година електричните автомобили учествуваа во глобалната продажба со само 3 отсто.

„Поставивме стратешка цел да станеме светски лидер на пазарот на електрични возила и сме на добар пат да го сториме тоа“, изјавил извршниот директор на групацијата „VW“, Херберт Дис, најавувајќи го планот на производи на компанијата за следната деценија.

Погледот кон иднината покажува дека групацијата „VW“ сака повеќето свои возила на сите поголеми пазари да бидат со нулта емисија до 2040 година, додека самата компанија се стреми да биде климатски неутрална до 2050 година.

За да се оствари ова, сите возила од групацијата ќе мора да прејдат на механичка платформа за електрифицирани автомобили, додека постепено ќе се укинуваат платформите кои ги користат моделите со „SUS“ мотори.

Станува збор за механичка платформа која ќе дебитира на наследникот на сегашниот „Audi A8“, чија премиера е планирана за 2026 година.

Германската групација исто така вложува големи средства во батерии и ќе претстави уникатен дизајн на погонски батерии за електрични возила кои ќе ги намалат трошоците за 50 отсто во однос на сегашното ниво. Овој вид батерии ќе се произведуваат во 6 фабрики ширум Европа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести