30.8 C
Skopje
Saturday, June 25, 2022

Германците ги нервира зависноста од телефонот

Најчитани вести

Како се чувствувате кога излегувате со некој кој на секои неколку минути зема мобилен телефон во раце и проверува пораки, лајкови, коментари и се што ги привлекува луѓето на социјалните мрежи? Тоа те нервира, а ти се нервираш себеси ако го правиш истото? Не сте сами, тоа иритира тројца од четворица Германци.

Според истражувањето на фондацијата БАТ со седиште во Хамбург, 55 отсто од испитаниците признаваат дека се „повеќе отколку што треба“ зависни од социјалните мрежи. Кај возрасната група 18-34 години тој процент е 75 отсто, кај повозрасните од 55 – 55 отсто.

Повеќе од половина, 57 отсто, изјавиле дека сакаат повеќе простор, на пример во трговските центри и ресторани, без интернет и телефон, оценувајќи дека тоа ќе им помогне на нив и на нивните соговорници да се фокусираат на она што го работат.

Меѓутоа, истражувањето укажа и на генерациска разлика, бидејќи едвај половина од оние меѓу 18 и 24 години и самците до 49 години сакаат зони без интернет. Меѓу оние над 66 години, двајца од тројца Германци го сакаат тоа.

„Луѓето ги гледаат лајковите, коментарите и реакциите на нивните објави како еден вид награда“, вели Улрих Рајнхард, директор на научниот оддел на фондацијата.

За тоа чувство, многумина се подготвени да го прошират реалниот живот на социјалните мрежи и таму да го негуваат.

„Не само што бара време и нерви, туку може да предизвика незадоволство и стрес“, вели Рајнхарт.

Многу луѓе во општеството очекуваат да дадат и да посветат целосно внимание и не сакаат постојано одвлекување на вниманието. Ова е препознаено на некои места, па некои угостители во САД, Велика Британија и Австралија даваат попуст на гостите кои ги предаваат своите мобилни уреди на персоналот.

Рајнхарт вели дека наскоро очекува слични акции и во Германија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com