21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Германски научници: постои решение во случај на тромбоза

Најчитани вести

Германски научници утврдија зошто тромбозата се јавува во некои ретки случаи по вакцинирањето со „Астра зенека“. За тоа, велат тие, постои решение: активна состојка со моментално дејство што помага против тромбоза.

Шест случаи на тромбоза во Германија по вакцинирањето со вакцината на „Астра зенека“ беа внимателно проучени на Универзитетската болница Грајфсвалд и, според германските медиуми, дојдоа до револуционерно откритие: вакцината – во многу ретки случаи – активира тромбоцити во крвта на сличен начин како кога произведуваат заштитен слој над отворената рана.

Ваквата реакција не е тешко да се спречи, па затоа се препорачува на ризичните групи, заедно со вакцината, да се даде соодветен препарат, активна состојка со моментален ефект што помага против тромбоза. Сепак, тој може да се даде само по појава на тромбоза, а не истовремено со примена на вакцината.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека вакцинацијата продолжува од петок.

И покрај бројните написи во медиумите за вакцината на „Астра зенека“, кои го покренуваат прашањето за довербата на граѓаните во безбедноста на постапката, тоа не остави голем белег кај граѓаните во Германија. Според брзата анкета на јавното мислење, подготвеноста за вакцинација опадна многу малку: претходно таа изнесуваше 73 проценти, а сега 71 процент од испитаниците велат дека се подготвени да бидат вакцинирани што е можно побрзо.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести