28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Германски научници: Постои решение во случај на тромбоза

Најчитани вести

Германски научници утврдија зошто тромбозата се јавува во некои ретки случаи по примањето на вакцината на „Астра зенека“. За тоа, велат тие, постои решение: активна состојка со моментно дејство што помага против тромбоза.

Шест случаи на тромбоза во Германија по примањето на вакцината на „Астра зенека“ беа внимателно проучени на Универзитетската болница „Грајфсвалд“ и, според германските медиуми, дојдоа до револуционерно откритие: вакцината – во многу ретки случаи – активира тромбоцити во крвта на сличен начин кога тие произведуваат заштитен слој на отворената рана.

Ваквата реакција не е тешко да се спречи, па затоа им се препорачува на ризичните групи, заедно со вакцината, да се даде соодветен препарат, активна состојка со моментен ефект, што помага против тромбоза. Сепак, тој може да се даде само по појава на тромбоза, а не истовремено со примена на вакцината.

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, изјави дека вакцинацијата продолжува од петок.

И покрај многуте написи во медиумите за вакцината на „Астра зенека“, кои го иницираат прашањето за довербата на граѓаните во безбедноста на постапката, тоа не остави голем белег кај граѓаните во Германија. Според брзата анкета на јавното мислење, подготвеноста за вакцинација опадна многу малку: претходно таа изнесуваше 73 проценти, а сега 71 процент од испитаниците велат дека се подготвени да бидат вакцинирани што е можно побргу.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести