20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Германски конзул е уапсен во Бразил под сомнение дека брутално си го убил сопругот

Најчитани вести

Се сомнева дека по убиството се обидел да го прикрие злосторството, пренесува CBS news.

Германскиот конзул Уве Херберт Хан им рекол на властите дека на неговиот сопруг, белгискиот државјанин Валтер Анри Максимилиен Биот, му се слошило во петокот вечерта, колабирал и удрил со главата и починал, соопшти полицијата.

Меѓутоа, обдукцијата и форензичката анализа на станот на сопружниците во областа Ипанема покажале дека Биот бил жестоко претепан. На телото биле пронајдени модринки предизвикани од газење, како и лезии.

Инстаграм профилот на полициската станица објавила слики од дамки од крв на подот и мебел во станот на парот. Бразилските медиуми пишуваат дека Хан нема да има дипломатски имунитет со оглед на природата на злосторството. Полицијата веднаш не одговорила на барањето за коментар.

Според извештаите на локалните медиуми, Хан, кој бил во брак со Биот 20 години, се обидел да го исчисти местото на убиството пред да пристигне полицијата.

Германската амбасада не одговорила веднаш на барањето за информации. Но, амбасадата и конзулатот во Рио де Жанеиро велат дека се во контакт со бразилските власти кои го истражуваат случајот, изјави извор од германското федерално министерство за надворешни работи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com