28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Германски институт: Вакцинираните помалку ќе го пренесуваат коронавирусот отколку лицата со негативен тест

Најчитани вести

Германскиот епидемиолошки институт „Роберт Кох“ објави дека не постои ризик од пренесување на заразата со Ковид-19 кај вакцинираните, по што германскиот министер за здравство најави ублажување на мерките за вакцинираните.

„Кој е целосно вакциниран, мора во иднина да се води како личност со направен најнов негативен тест за коронавирус“, рече министерот за здравство Јенс Шпан во интервју за неделникот „Билд“.

Шпан се повикува на извештајот на државниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“, кој покажува дека лицата кои биле целосно вакцинирани имаат помала можност за пренесување на коронавирус отколку лицата кои добиле негативен „ПЦР-тест“.

„Според најновите откритија, ризикот од пренесување на коронавирус кај лица кои биле вакцинирани, најдоцна до 15-тиот ден по приемот на втората доза на вакцина, е помал отколку кај луѓето со негативен тест за коронавирус“, се вели во најновиот извештај на Институтот „Роберт Кох“.

Според истиот, луѓето кои примиле втора доза на вакцина треба да бидат изземени од задолжителни тестови и карантин.

„Во следните недели, ќе разговараме со покраинските власти за спроведување на нови мерки“, рече Шпан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести