21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Германски виролог: Периодот меѓу двете вакцини е многу опасен

Најчитани вести

Главниот виролог на универзитетската клиника Хајделберг, Ханс-Георг Кројслих предупредува на опасност од создавање нови мутации на коронавирусот, посебно во периодот меѓу примањето на двете дози од вакцината против Ковид-19.

– Загрижувачки е доколку во следните недели се случи голем број луѓе по примањето на првата вакцина да имаат нецелосна заштита и истовремено да се појават повеќе зарази. Тоа би било жариште за нови мутации, кои можат да ги заобиколат ефектите на вакцината, истакна Кројслих за весникот „Рајн Некар Цајтунг“.

Тој нагласи дека кај делумниот имунитет можат да се создадат резистентни варијанти на вирусот.

– Ако се инфицираат голем број луѓе, кои се уште немаат целосен имунитет, тогаш се зголемува веројатноста за појава на нови мутации, додаде германскиот виролог.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести