7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Германските експерти почнаа со работа во Тетово

Најчитани вести

Тимот германски форензичари и крим – техничари од денеска ја започна истрагата која треба да даде одговор на прашањето како и зошто избувна пожарот во тетовската модуларна Ковид болница во кој загинаа 14 лица.

Тие во земјава стигнале со својата опрема. Како што информира Владата, станува збор за германски тим од Федералната криминалистичка служба, кој е составен од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.

Од таму појаснуваат дека германските експерти ќе работат заедно со крим техничарите на МВР како поддршка на ОЈО при истрагата за утврдување на причините за пожарот во модуларната болница во Тетово. Тие ќе имаат улога на мониторинг во истрагата.

Во меѓувреме и обвинителството ја продолжува истрагата за случајот. Дел од документацијата за изградбата на болницата веќе е обезбедена, а дел се очекува.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com