Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас в среда ќе престојува во работна посета на Македонија.
Предвидено е Мас да се сретне со министерот за надворешни работи Никола Димитров. На средбата, како што најави МНР, ќе бидат разменети мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во земјата, исходот од последниот Европски Совет и можните следни чекори, за преостанатите активности во делот на реформите, вклучително и развојот на добрососедските односи.
Мас и Димитров ќе разговараат и за односите меѓу двете земји.
Покрај со Димитров, се очекува шефот на германската дипломатија да се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.