13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Германскиот министер за здравство отворен за руска и кинеска вакцина

Најчитани вести

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека е отворен за идејата да се користат руски и кинески вакцини за борба против Ковид-19 во неговата земја, во време на дебата за достапноста на вакцините во Европа.

„Ако вакцината е безбедна и ефикасна, без оглед во која земја е произведена, тогаш секако може да помогне во борбата против пандемијата“, рече Шпан за неделното издание на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Вакцината треба да помине низ нормален процес на овластување, а апликацијата за одобрување од ЕУ веќе е доставена до Европската агенција за лекови (ЕМА).

Русија во петокот рече дека може да ја снабди ЕУ со 100 милиони дози Спутник V во вториот квартал, што ќе биде доволно за да се вакцинираат 50 милиони жители на ЕУ.

Постои широко распространета недоверба кон руската вакцина откако беше објавено дека е произведена во средината на август, бидејќи не помина низ целосно клиничко испитување.

Во светло на критиките во врска со проблемите со дистрибуција и производство на вакцини, германската канцеларка Ангела Меркел има намера да разговара за проблемот во понеделник.

На видео конференцијата ќе учествуваат државни лидери, федерални министри, производители на вакцини и претставници на Европската комисија, која ја купува вакцината во име на целата ЕУ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести