7 C
Skopje
Friday, January 22, 2021

Германскиот Бундестаг утре и официјално со зелено светло за преговорите

Најчитани вести

Владејачките германски партии ЦДУ и СПД вчера постигнаа согласност да се одобри датум за почеток на преговори со Европската унија за Северна Македонија и Албанија, а се очекува поддршката да ја даде уште најмалку една партија, Зелените.

Одлуката била донесена вчера на состанок на коалициските партнери во германската Влада. ЦДУ, на канцеларката Ангела Меркел и социјалдемократите нагласила дека почетокот на преговорите со двете земји ќе испрати важен сигнал за целиот регион.

Пратеничката на СПД, Незахат Барадари, која е и член на парламентарната комисија за ЕУ ја потврди информацијата и најавува дека конечното зелено светло ќе биде дадено на седницата на Бундестагот в четврток.

„Тоа што коалициските партии го ослободија патот за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија е важен сигнал за европската интеграција на целиот регион“, вели Барадари.

За отпочнување на претпристапните преговори со ЕУ конечната одлука ќе ја донесе Советот на Унијата на самитот закажан за 15 и 16 октомври.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести