Денешната програма на Светското првенство во кошарка започна со натпреварот од третото коло од групата Е, во кој Германија ја совлада Финска со 101:75 и со тоа го потврди првото место во групата.
Финците беа рамноправни до средината на втората четвртина, а потоа Германците направија серија од 10:0 за водство од 37:27, ја презедоа целосната контрола, па до крајот немаше неизвесност околу резултат.Шрудер и Бонга ја предводеа германската репрезентација со по 15 поени. Кај Финците Нкамуа постигна 14 поени.Натпреварувањето во оваа група завршува со натпреварот меѓу Австралија и Јапонија од 13:10 минути, ова ќе биде дуел меѓу директните конкуренти за пласман во следната фаза од натпреварувањето.