Германската влада не денешната седница ќе расправа за планот да обезбеди 200 милиони евра итна помош за поправка на згради, оштетена локална инфраструктура и да им помогне на луѓето во погодените од поплави региони во земјата. Ако и 16-те сојузни држави исто така придонесат со 200 милиони, вкупно 400 милиони евра ќе бидат на располагање како непосредна помош. Владата, како што се најавува, ќе се обрати до ЕУ за помош од фонд основан за справување со природни катастрофи во Унијата.
Владата има за цел да ја обнови инфраструктурата оштетена од смртоносните поплави во западниот дел на земјата што е можно побрзо и се надева на финансиска поддршка од фондот за солидарност на Европската унија, покажа нацрт документот. Додека продолжува потрагата по преживеани од минатонеделните катастрофални поплави кои однесоа куќи и мостови и оставија најмалку 160 загинати, Германија почнува да ги брои финансиските трошоци за својата најголема природна катастрофа во изминативе 60 години.