31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Германија ја зголемува употребата на вакцината на „Астра зенека“

Најчитани вести

Германија планира да ја зголеми употребата на вакцината на „Астра зенека“, бидејќи властите одобрија дека може да се дава на лица постари од 65 години.

Стотици илјади дози од таа вакцина „собираа прашина“ со недели поради разгледување на тоа кој може да ја добие и сомневањата меѓу оние кои имаа услови да ја примат.

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, Германија добила 2,1 милион дози вакцина на „Астра зенека“, а употребила само 721 000.

Берлин денес го отвора шестиот центар за вакцинација на поранешниот аеродром Темплехоф во центарот на градот, каде што ќе се дава само вакцината na „Астра зенека“, која минатата недела беше одобрена од германските регулатори и за оние над 65 години.

По вакцинацијата, Германија заостанува зад Велика Британија и САД. Заклучно со неделата, 5,2 милиони дози на вакцина биле дадени во Германија, а и двете дози биле дадени на 2,5 милиони луѓе или само три проценти од 83 милиони жители, пренесува „Бета“.

Министерот за финансии Олаф Шолц за телевизијата ЗДФ рече дека очекува процесот да се забрза на крајот на март и дека ќе биде можно да се дадат 10 милиони вакцини неделно.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести