8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Германија планира да го укине бесплатното тестирање за „Ковид-19“

Најчитани вести

Германија размислува за укинување на бесплатните тестови за „Ковид-19“ во октомври, објавија во понеделникот германски медиуми, повикувајќи се на нацрт-предлог за кој канцеларката Ангела Меркел ќе разговара со лидерите на 16 федерални држави.
Германската влада воведе бесплатно тестирање за целото население во март, пред крајот на третиот бран на „Ковид-19“ во земјата.

Во моментов, 55 проценти од германското население е вакцинирано, така што има повици парите на даночните обврзници да престанат да се распределуваат за субвенционираната шема, од која корист имаат пред се оние кои не се вакцинирани, иако вакцината е достапна за секого, пренесува Ројтерс.

„Со оглед на тоа што вакцинацијата е достапна за сите жители, за федералната влада, а со тоа и за даночните обврзници, повеќе не е оправдано да ги плаќа трошоците за сите тестови“, го цитираше нацрт -предлогот РНД.

Помалку од седум недели пред парламентарните избори, Меркел и федералните лидери ќе разговараат за мерките за спречување на ширењето на делта варијантата на вирусот, без повторно воведување општо затворање на државно ниво.

Нацртот предвидува дека оние кои не можат да се вакцинираат од здравствени причини, сепак имаат право на бесплатен тест.

Се уште не е познат точниот датум во октомври кога мерката ќе биде укината, додава РНД, германска медиумска асоцијација со седиште во Хановер.

Германија има повеќе од 3.000 нови инфекции секој ден во изминатите 5 дена, но речиси 63 проценти од германското население е вакцинирано со барем една доза, така што владата се надева дека ќе избегне нови „заклучувања“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com