Home » Германија- нов начин на наплата за паркирање

Германија- нов начин на наплата за паркирање

by Журнал.мк

Ако возите „теренец“ или пак, голем SUV, е тогаш вие ќе треба и да платите повеќе…

Хелмут Деди (Helmut Dedy), претседател на германската „Асоцијација на градови“ (Staedtetag), наскоро ќе предложи нов начин на наплата за паркирање во градовите.

Деди во интервју за локалните медиуми ги критикуваше трендовите во автомобилската индустрија и најави „борба против големите автомобили“, пренесуваат светските информативни агенции.

„Трендот во автомобилската индустрија очигледно знае само еден правец: поголем и потежок!  Ова не се вклопува во време кога разговараме за заштеда на енергија и простор, заштита на климата и ресурсите. За подобар квалитет на живот во градовите потребни се помали, а не поголеми автомобили. Ако возачите сакаат да паркираат голем теренец или теренец, нека платат повеќе. Цените за паркирање треба да се прилагодат на големината на возилото“ – заклучува Деди.

Минатата година теренците и големите SUV модели сочинуваа речиси 30 отсто од вкупниот број новорегистрирани автомобили на германскиот автомобилски пазар.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk