12.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Германија најавува ограничувања за невакцинирани доколку инфекцијата не се спречи

Најчитани вести

Висок службеник на германската Влада денеска најави дека поради зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирус на есен може да се воведат нови ограничувања за луѓето кои не се вакцинирани против Ковид-19.

  • Вакцинираните луѓе дефинитивно ќе уживаат повеќе слободи од оние кои не се вакцинирани, изјави денеска шефот на кабинетот на канцеларката, Хелге Браун за Билд.

Според него, ако бројот на инфекции продолжи да расте, невакцинираните лица ќе мора да го ограничат контактот.

  • Ова значи дека посетите на киносали, ресторани или стадиони нема да бидат можни дури и за невакцинирани лица кои имаат негативен тест, затоа што и оние кои биле тестирани негативни имаат голем ризик од пренесување инфекцијата, рече Браун.

Претходно, министерот за здравство Јенс Шпан исто така изрази загриженост дека инциденцата, ако ништо не се смени, на есен може да ја надмине границата од 800.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com