30.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Германија наскоро ќе одобри користење на робот-такси!

Најчитани вести

Германската автомобилска индустрија апелираше до законодавците да го забрзаат формирањето регулативи што можат да послужат како меѓународен нацрт за автономни такси возила и автобуси….

На 10 февруари, канцеларијата на канцеларката Ангела Меркел претстави предлог-закон што ќе овозможи автономни возила на ниво 4 да работат на јавни патишта во дефинирани области, почнувајќи од наредната 2022 година.

„Ние сакаме автономни автомобили и автобуси, кои по желба возат патници до нивните дестинации, а потоа паркираат во нивните гаражи“, рече германскиот министер за транспорт Андреас Шојер.

VDA, која ги застапува интересите на германските производители на автомобили и делови, вели дека оваа регулатива, доколку биде изгласана, ќе и помогне на индустријата да се зајакне на меѓународен план во трката за развој на високо автоматизирани возила.

Кога компании како Volkswagen и Daimler немаат возила од ваков тип подготвени за сериско производство, тие се надеваат дека соодветното регулаторно опкружување ќе им помогне да дизајнираат и лансираат модерни само-возечки возила, познати како робот –  такси.

„Знаењето и искуството што можат да се стекнат во Германија во рамките на овој процес даваат можност да послужат како основа за европската правна рамка и меѓународните регулативи“, велат од VDA.

Во моментов, никој од најголемите германски производители на автомобили не планира да лансира автономни возила наскоро.

Под раководство на Оле Келениус, Mercedes – Benz се повлече од областа на роботиката, тврдејќи дека не гледа валиден деловен план, па затоа одлучи заеднички да инвестира со Nvidia  во повисоки нивоа на автономија за конвенционалните патнички возила, односно приватни купувачи.

Во ноември, VW назначи еден од своите најдобри инженери, Кристијан Зенгер, на чело на секторот задолжен за развој на автономно и сервисно (услужно) возење.

Тој е одговорен за развојот на моделот што ќе се користи во соодветните флоти, а софтверскиот систем доаѓа од партнерската компанија – Argo AI.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести