15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Германија: Можни се дополнителни санкции против Русија поради Навални

Најчитани вести

Германската Влада денеска соопшти дека не може да се исклучи воведување дополнителни санкции кон Русија, откако московскиот суд го осуди на затворска казна опозицискиот политичар Алексеј Навални.
Портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел, Стивен Зајберт, на прес-конференција рече дека Берлин ќе разговара за понатамошните чекори со европските партнери.

САД, Велика Британија, Германија и Европската унија ја повикаа Москва веднаш да го ослободи Навални.

Судот во Москва синоќа ја замени условната затворска казна на Навални во корупцискиот „случај Ив Рошер“ со 3,5 години затворска казна.

Според неофицијалните информации, казната на Навални ќе биде намалена на околу 2,5 години, поради времето поминато во домашен притвор.

Навални беше уапсен на руската граница на 17 јануари откако се врати од Германија, каде се лекуваше од наводно труење со нервен агенс.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести