12.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Германија воведува поригорозни контроли во центрите за тестирање за Ковид-19

Најчитани вести

Германија воведува построги инспекции во центрите за тестирање за Ковид-19 поради стравувањата дека некои приватни лаборатории, на кои државата им плаќа за секој тест, го зголемувале број на извршени тестови, јави ДПА, повикувајќи се на плановите на Министерството за здравство.

Операторите на таквите центри, што рапидно се појавуваат низ целата земја, вклучително и во барови, кафулиња и на други места, ќе бидат предмет на построги контроли и ќе можат да земат помалку пари за тестирање во иднина. Сомнежите за измама од големи размери се појавија по истрагите на некои места за брзи тестови.

Истрагата покажа дека дел од приватните лаборатории прикажувале дека извршиле повеќе тестови отколку што луѓето навистина се тестирале на соодветното место. Истрагата прво ја објавија јавните радија Ве-Де-Ер и Ен-Де-Ер како и весникот Зидојче цајтунг.

Обвинителството во Бохум соопшти дека се уапсени двајца мажи под сомнение за трговска измама.

Операторите на центрите за тестирање сега ќе можат да наплаќаат по осум евра за брзите тестови, а не како што беше досега, по 15 евра за давателите на медицински услуги и 12 евра за другите даватели на услуги. Германските државни и локални власти, меѓу другите мерки, исто така, ќе извршат проверки на самото место за да се осигурат дека се исполнети стандардите и центрите за тестирање се безбедни. Во Германија има речиси 15.000 места за тестирање

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com