14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Германија вети милиони за производство на вакцини во Африка

Најчитани вести

Германскиот министер за економска соработка и развој Герд Милер вети 20 милиони евра за Институтот Пастер во Сенегал што ќе се искористи за производство на вакцини против Ковид-19, јави ДПА.

Средствата ќе бидат обезбедени до април 2022 година, додаде министерот синоќа за време на неговата посета на Дакар, на крајот од неговата петдневна турнеја по континентот.

Сумата има за цел да даде поттик за производството на вакцини „за Африка во Африка”, нагласи тој, изразувајќи надеж дека и другите европски земји ќе го следат примерот на Берлин.

Здравствената служба на Африканската унија очекува континентот да почне со производство на сопствени вакцини до крајот на годината, а Институтот Пастер е една од водечките лаборатории.

Африка се бори со третиот бран на коронавирус, со 5,1 милиони заразени и 136.000 смртни случаи. Досега, само еден процент од 1,3 милијарди жители на континентот се целосно вакцинирани против вирусот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести