32.8 C
Skopje
Thursday, August 5, 2021

Германец обвинет за шпионажа, на руски служби им ги дал цртежите од зградата на Бундестагот

Најчитани вести

Германското сојузно обвинителство подигна обвинение против германски државјанин кој се терети за шпионажа во корист на руски известувачки служби.Обвинителството го товари дека предавал цртежи и плановите од зградата на Бундестагот, пренесува „Ројтерс“.

Како што наведува „Ројтерс“, обвинителството денес соопштило дека германскиот државјанин Џенс Ф. дошол во посед на ПДФ датотеки, со цртежите, додека ја одржувал електричната опрема во зградата во Бундестагот. Тој бил ангажиран од неговата компанија, да работи на оваа зграда.

Обвинителството известило дека тој во втората половина на 2017 година, одлучил да собере датотеки и да им ги предаде на руските известувачи и дека податоците му ги дал на еден службеник во руската амбасада, кој работел за руската известувачка агенција GRU, пишува „Ројтерс“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести