7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Герасимовски: Џабе ВМРО-ДПМНЕ се крие зад маските на независни кандидати, центарци препознаваат

Најчитани вести

На 11.10.2021 во 21.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода О.А.(27) од с.Грчец, општина Сарај, кој бил баран со потерница за издржување казна затвор од три ипол години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 3 од Кривичниот законик.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвро Идризово за издржување на казната. „Центар стана симбол на правда, демократија, отпор кон силеџиството на ВМРО-ДПМНЕ во 2013 година кога ние Центарци без лифтови и против Армија донесени луѓе од страна излеговме на гласање и го победивме режимот“, со ова Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата вчера од митингот во Капиштец ги потсети своите центарци за спасот од голготата кога ВМРО-ДПМНЕ владееше во централната општина во градот.

„Дали се сеќавате како се започна? Започна со тепање на студенти. Тука во Центар недалеку од овде на плоштадот. Тогаш, овие луѓе против кои сме на избори денес, за прв пат го покажаа своето насилничко лице. Од тој ден па се до победата во 2013 година, центарци беа изложени на насилство, на криминал, на своеволие на ВМРО-ДПМНЕ и без право на одлука за себе и својата општина“, потсети Герасимовски.

И денес, осум години подоцна, рече тој на општина Центар му се заканува истиот режим но спакуван во нова иднина.

„Истите луѓе ама во ново пакување сакаат да ви продадат нова иднина. Ќе создаделе нова иднина во Центар. Не драги пријатели, овие се истите луѓе, ова е волкот скриен во овчја кожа! Од нив не може да има нова иднина туку само ново минато! Од нив може да очекуваме само нови злоупотреби, ново насилство, нов криминал и ништо повеќе“, порача Герасимовски од Капиштец.

Тој исто така рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема храброст да се појави во Центар и затоа се затскрива зад независни кандидати кои ги користи како параван за срамот кој го претрпе Центар.

Сепак Герасимовски е уверен дека маските на ВМРО-ДПМНЕ нема да поминат кај центарци и дека тие ја препознаваат разликата и нема да дозволат повторно насилно однесување и нов барок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com