Home Македонија Герасимовски: ОЈО ќе каже дали пожарот во “Треска“ бил подметнат

Герасимовски: ОЈО ќе каже дали пожарот во “Треска“ бил подметнат

by admin

Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар, вчера имаше средба со Кризниот штаб во врска со пожарот на фабриката Треска, на чијашто парцела се планира градење. Штабот за кризи и спасување доби информација дека МВР го завршиле увидот и е записникот е доставен до Основното обвинителство.

-Засега не знаеме дали пожарот е подметнат, тоа ќе се знае откако Обвинителството ќе го разгледа извештајот од МВР. Општината прима барања за расчистување на теренот, но чекаме прво да се произнесе ОЈО. Расчистувањето ќе се врши согласно тоа каков материјал е изгорен, а прво ќе се отстрани ако го има штетниот материјал, вели Герасимоски за Утрински брифинг.

Што таму горело и колку е штетно по здравјето беше првото нешто што нѐ интересираше, вели Герасимовски. Тој додава дека азбестот не гори, но имало лакови и бои. Мерењата на чистотата на воздухот покажуваат дека нема енормно загадување поголемо од дозволеното. Денес ќе излеземе повторно на увид, вели Грасимовски.

-Прво треба да го исчистиме целиот простор да не се случи повторно некое дејствие, распиавме набавка за нова планерска куќа оти со претходната е раскинат договорот, вели градоначалникот на Центар и додава дека пред десетина дена имало средба со сопствениците на парцелата, но дел од сопствениците го напуштиле состанокот незадоволни од укажувањата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More