7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Георгиевски: Секоја недела почнувавме по еден голем проект во Гази Баба – Во вториот мандат продолжуваме со двојно посилно темпо

Најчитани вести

Граѓаните се сведоци дека во секое населено место во Гази Баба работите забрзано се менуваат. Она што ВМРО-ДПМНЕ не го правеше цели 22 години ние се обидуваме да го надоместиме само во 2 мандати, посочува кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Гази Баба, Борис Георгиевски.

„Во овие 4 години реализиравме повеќе од 200 проекти. Ако се пресмета тоа значи дека секоја недела од првиот мандат започнувавме по еден нов проект: Училишта, градинки, улици, патишта, водоводи, канализации, спортски сали, детски игралишта, паркови се само дел од реализираните проекти. Заедно со бизнис секторот отворивме нови 4.000 работни места и тоа само во 15 нови инвестиции“, вели Георгиевски во обраќањето.

Секој ден се обидуваа да не запрат, истакнува Георгиевски, а кога не успеваа, советниците од ВМРО-ДПМНЕ правеа сѐ барем да не забават. Но, со тоа само покажаа дека ништо не се променило од нивното 22годишно владеење во Гази Баба. И најмала власт за нив значи само уназадување и ново нереализирање на проектите за сите граѓани на нашата општина.

„Вие, почитувани сограѓани, сте сведоци дека, во секое населено место во Гази Баба, работите се менуваат со забрзано темпо. Бидејќи увидовте дека работиме, а не ветуваме празни зборови. Тоа е гаранција дека во следниот мандат можеме да реализираме уште најмалку 400 проекти за сите населени места. На 7 октомври продолжуваме сите заедно, со најдоброто за Гази Баба!“, посочи Георгиевски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com