6 C
Skopje
Saturday, April 17, 2021

Георгиевски: Го направив најпатриотскиот чин, прв ја предложив додавката Северна Македонија

Најчитани вести

Претседателот на ВМРО-Народна партија и поранешен премиер Љубчо Георгиевски во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози што ги изнесе за да се реши проблемот со Бугарија било да се стават старо-нови идеи на маса со цел излез од ќорсокакот со Софија.

– Без никаква координација, како што гледате се оградија и од едната и од другата страна, ја дадов оваа идеја за да излеземе од ќорсокакот во кој се наоѓаме после бугарското вето што се случи пред три-четири месеци, а како што ми стои работата и наредната сесија, не гледам дека нешто посериозно се случува – оценува Георгиевски.

Тој вели дека мотивот бил да се тргне напред кон решавање на проблемот.

– Имаме конкретен проблем – Македонија е блокирана во евроатлантската интеграција и ни треба решение како да излеземе и како да одиме напред. Навистина сметам дека Македонија не заслужува да изгуби 20 години во дискусија со Бугарија, туку и две години да ги изгуби мислам дека се многу на патот на европската интеграција – рече Георгиевски

Како што кажа, отсекогаш кршел табуа во политиката од деведесетите години и според него, во минатото Македонците биле порасположени за Југославија.

Георгиевски обелодени и дека бил прв што ја предложил додавката Северна Македонија. Смета дека тој го направил најпатриотскиот чин во однос на Бугарија.

– Со една декларација во која нема ниту една обврска кон Македонија затворивме прашање кое стоеше една деценија со Бугарија и ги почнавме добрите односи со Иван Костов. Со таа декларација, Македонија требаше да биде само пријател со Бугарија, ништо повеќе, никакви историски, етнички, идентитетски обврски – истакна Георгиевски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести