37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Генијално: Се оженил 4 пати, а се развел 3 пати во рок од 37 дена за да добие платено отсуство од работа

Најчитани вести

За да си обезбеди неработни денови, еден Тајванец дошол до идеја да се венча, а потоа и да се разведе, па да ја повтори постапката дури 4 пати. Целата „акција“ траела само 37 дена, со што добил 32 дена платено отсуство.

Според тамошниот закон, лицето има право на 8 дена платено отсуство кога ќе се венча, што неименуваниот службеник одлучил да го искористи кога на 6-ти април минатата година се венчал за првпат. Меѓутоа, неговата замисла била само почеток за кој однапред се припремил, пренесува „Oddity Central“.

На последниот ден од своето 8-дневно отсуство, Тајванецот се развел од сопругата, па следниот ден повторно се венчал со неа и побарал нов циклус од 8 дена, на кој сметал дека има право според законот. Така дошло до 4 венчавки и 3 разводи за само 37 дена, од кои 32 ги поминал дома.

Откако банката во која е вработен сфатила што се обидува, одбила да му одобри уште 8 дена отсуство, што на анонимниот маж никако не му се допаднало. Бидејќи одлучил да продолжи со првобитниот план, службеникот поднел жалба против својот работодавец, обвинувајќи ја банката дека го крши законот со непочитување на правилата за отсуство од работа.

Била спроведена истрага и судот донел одлука дека банката навистина го прекршила законот за работа, а работодавецот бил казнет со 700 долари во октомври минатата година.

Случајот брзо станал вирален на социјалните мрежи и предизвикал жестока расправа помеѓу луѓето кои не можеле да поверуваат дека постои таква дупка во законот и оние кои тврделе дека законот му дозволува на било кој да ја изведе истата замисла. Сепак, никому досега не му паднала напамет ваква идеја, освен на овој Тајванец.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести