27.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Генијалноста на Ваксајнс кампањата

Најчитани вести

Од: Христијан Станоевиќ

Македонската влада ја спроведе најдобрата можна кампања за прифаќање на вакцините и им нанесе тежок пораз на антиваксерите. Замислете сега да имавме 500 илјади дози на вакцината за корона вирусот, кој ќе ги слушаше како се пењават е да бе на нас ли најдовте да ги тестирате, Македончето прва жртва на Бил Гејтс, стоп за чипирањето.

Вака со месеци кога нема вакцини генијално спроведениот план на власта ги натера граѓаните да плачат и молат да се вакцинираат. Аман, кога ние ќе се “пелцнеме”, пак ли да сме последни во свет, дајте ни вакцини и тоа масовно, ова веќе не е хумано.

Е сега, кога веќе кампањата е успешна, време е да се активираат половина милион дози за време на пролетта. Ама не брзајте другари. Прво треба да се регистрирате на веб сајтот vaksajns.mk, (по предупредувачкиот разговор со полициските органи) на веб сајтот vakcinacija.mk. Да, убаво внесете го тој назив во вашите интернет прелистувачи и чекајте да се регистрирате. Само што кога ќе кликнете потврди, потврди, абе потврди може и да не знаете дали сте влегле во барабанот. Озбилно, како секој сериозен и одговорен граѓанин си ги внесов личните податоци, матичниот број, е-маил адресата, телефонски број, па дури и си одбрав во кој здравствен дом сакам да ме боцнат. И?

И, почнав да пишувам сакам вакцина во поштенско сандаче. Можеби оваа мантра ќе ми успее при обидот да се регистрирам. Жими се не го ни отворив веб сајтот vaksajns.mk и еве поминаа веќе три неизвесни денови, ме облева ладна пот, го пробушив копчето потврди, потврди, потврди и не, бе решил Бил Гејтс дека ќе нема чип за мене.

Чемо смо ово заслужили. Вучичу не буди педер, не буди Бугар, не буди Зајеб. Донеси ту вакцину, да не буде Срање код Врање.

Превод: Топли и охрабрувачки повици веќе да се организира тој фамозен пренос на српските донирани вакцини, да не се бараат уште уплатници, да не правиме македонска инвазија на Врање. Притоа српската држава да и покаже на “братска” Бугарија дека знае како да води надворешна политика и да шири влијание без притоа “пелцуваните” да мора да докажуваат дека имаат бугарски корени и дека Македонско девојче е б`лгарска песен и да не мора Филипче да слуша лекции како учениче на седница на бугарската Влада. Прити симпл.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести