Home » Генерирале 40 модели на гласови и го избрале најдобриот: Како Вал Килмер проговори во „Top Gun: Maverick“?

Генерирале 40 модели на гласови и го избрале најдобриот: Како Вал Килмер проговори во „Top Gun: Maverick“?

by Журнал.мк

Ликот на Вал Килмер, Том „Ајсмен“ Казански, се појавува во филмот „Top Gun: Maverick“, и тоа со мала помош од науката.

Актерот своевремено се бореше со рак на вратот, така што морало да биде користена вештачка интелигенција за да се создаде неговиот глас кој би бил користен во остварувањето во кое главната улога ја игра Том Круз.

Соосновачот и шеф на компанијата „Sonantic“, Џон Флин, рекол дека биле „генерирани повеќе од 40 модели на гласови и бил избран најдобриот, најскапиот и со најдобар квалитет“.

„Тие нови алгоритми се сега вградени во нашата гласовна машина, така што идните клиенти би можеле автоматски да ја искористат нејзината предност“, рекол Џон и додал:

„Од почетокот нашата цел беше да направиме гласовни модели на кои Вал би бил горд. Бевме нетпреливи да го вратиме неговиот глас“.

Синот на Килмер имал само пофални зборови за технологијата на компанијата „Sonantic“.

„Тие направија нешто навистина неверојатно и тоа ме поттикна да го видам доказот за нивниот концепт. Има огромен потенцијал. Знаејќи го мојот татко, тој ќе го искористи тоа за нешто креативно“, изјавил Џек за „People“.

Филмот „Top Gun: Maverick“ кој имаше премиера за паметење во Америка и на Канскиот филмски фестивал, одлично котира во киносалите и стана најплатениот филм на Том Круз на сите времиња.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More