4.1 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Марија Шмид ја заврши посетата на Македонија

Најчитани вести

Во рамки на својата посета, таа ѝ честиташе на земјата за претседавањето со ОБСЕ во 2023 година и понуди целосна поддршка во подготовката и остварувањето на оваа важна должност.

Во рамки на посетата, Шмид се сретна со претседателот на Македонија Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Охрабрена сум од фокусот на Владата кон владеењето на правото, и борбата против организираниот криминал и корупцијата. Ќе дадеме сè од себе за да помогнеме во решавањето на постоечките и новите предизвици, вклучително и транснационалните закани. Македонија е севкупен придонесувач кон регионалната стабилност и безбедност, давајќи добар пример за своите соседи и пошироко, рече Шмид, се вели во соопштението од ОБСЕ.

За време на нејзината посета, Шмид исто така, се сретна и со претставници од локалното граѓанско општество со кои дискутираше за предизвиците поврзани со родово базирано насилство, социјална кохезија, младинско учество, добро владеење, и влијанието на КОВИД-19 врз најранливите групи на граѓани, како што се лицата со попреченост.

-Соработката со граѓанското општество е клучен елемент во работата на ОБСЕ. Благодарна сум за можноста да научам повеќе за постоечките предизвици и да разговарам за тоа како ОБСЕ може дополнително да даде поддршка во нивното решавање, рече Шмид, се вели во соопштението од ОБСЕ.

Шмид, исто така, ја посети и Теренската канцеларија на ОБСЕ во Тетово, се сретна со персоналот и разговараше за теренските активности на Мисијата насочени кон зајакнување на меѓуетничките односи и социјалната кохезија.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, кој ја придружуваше Шмид, рече дека Мисијата во Скопје ќе продолжи да ги поддржува клучните стратешки реформи во земјата и дека со нетрпение очекуваме да соработуваме со Владата во подготовките за претседавањето со ОБСЕ, се вели во соопштението од ОБСЕ. /МИА

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com