9.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Гевгелија од денеска е општина без активни ковид пациенти

Најчитани вести

Градот Гевгелија и општината, по повеќе од десет месеци, според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, од денеска официјално се пресели на листата од 15 општини во државата во кои нема корона-заразени пациенти.

Вчера оздраве последниот активен пациент со кого, од почетокот на пандемијата, во општина Гевгелија беа заразени вкупно 2195 граѓани од кои 2122 оздравеа, а 72 завршија со смртен исход како последица од компликациите настанати од вирусот.

Последниот заразен пациент, кој вчера имаше негативен наод на корона, ја стави Гевгелија како 15-та општина во државата каде нема заболени од Ковид-19.

Статусот на „зона без корона“ се борат да го добијат уште 20 општини и региони каде ИЈЗ ја следи корона состојбата во државата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести