Гвинеја официјално прогласи епидемија на ебола по смртта на најмалку три лица и уште четворица заразени, додека соседните земји се во состојба на готовност. Трите западноафрикански држави Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја се бореа заедно од 2014 до 2016 година, против еболата, при што починаа повеќе од 11.300 луѓе. Еболата повторно се појави во јужна Гвинеја, каде здравствените работници открија сомнителни случаи кај пациенти со симптоми на дијареја, повраќање и крварење.
Традиционалните погреби каде луѓето се капат и го допираат телото на починатиот го олеснуваат ширењето на еболата, која обично се пренесува на луѓето од заразени животни.