Манчестер сити летово остана без крилниот напаѓач Ријад Марез, кој замина во Ал Ахли, па сега Пеп Гвардиола сака да го ангажира Каору Митома како негова замена.
Јапонскиот репрезентативец блеска во редовите на Брајтон и го привлече вниманието на многу европски клубови. Пеп Гвардиола го сака во своите редови, бидејќи се работи за тактички многу дисциплиниран играч, кој исто така има врвна техника и знае да постигнува голови.
Лани за Брајтон имаше 33 настапи во Премиерлигата со седум голови и пет асистенции. Неговата моментална цена на трансфер-пазарот изнесува 35 милиони евра, но Сити ќе мора да плати многу повеќе за да го доведе во своите редови.