Манчестер сити испрати понуда до Вест Хем вредна 75 милиони евра за бразилскиот репрезентативец Лукас Пакета.
26-годишниот Пакета има договор со Вест Хем до јуни 2027 години, и Вест Хем сигурно не сака да го продаде Пакета ако се знае дека неодамна го продадоа Деклан Рајс на Арсенал за 120 милиони евра.
Сити испрати понуда само два дена пред почетокот на сезоната во Премиерлигата, а откако беше поразен од Арсенал на пенали во борбата за Комјунити шилд.
Пакета минатата година пристигна во Вест Хем од Лион за 50 милиони фунти.