31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Гвардиола за Динамо: Неверојатна битка

Најчитани вести

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го пофали Динамо (Загреб) за одличната игра во одбраната и кажа убави зборови за Илкај Гундоган за неговиот настап против хрватскиот тим.

Граѓаните победија со 2:0 на својот „Етихад“, иако многумина очекуваа многу поубедлив успех за нив.

„Да бидам искрен, Гундоган е исклучителен. Вие дури и не можете да замислите колку е добар“, му рече Пеп на играчот од средниот ред за време на прес-конференцијата по натпреварот.

„Тоа е еден од најдобрите трансфери во клупската историја“, смета Пеп.

„Во однос на натпреварот, гостите се држеа исклучително добро во одбраната за што сакам да им честитам. Игравме како што треба за квалитетот на играчите, што ги пуштив во овој натпревар“.

„Мислам дека нашата игра беше навистина добра, но како што реков претходно, не можевме да постигнеме повеќе заради добрата игра во одбрана на противникот. Не очекував дека тие ќе одиграат толку добро дефанзивно“.

„Тие заслужуваат големи пофалби, помогнаа да се добие навистина неверојатна битка“,заврши Каталонецот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести