Европскиот шампион Манчестер сити следните два натпревари ќе биде без тренерот Пеп Гвардиола на клупата. Се работи за натпреварите против Шефилд јунајтед на гости и Фулам на домашен терен, двата во рамките на Премиер лигата.
Причината за отсуството на Гвардиола е оперативниот зафат кој го направи тренерот во Барселона поради големите болки што ги имаше во грбот. И дел од рехабилитацијата ќе ја мине во болницата во Барселона, а дури потоа ќе се врати во Манчестер.
Екипата на овие два натпревари ќе ја водат неговите асистенти.