24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Гвардиола во Реал Мадрид ја пронајде замената за Давид Силва, таа ќе го чини 80 милиони евра

Најчитани вести

Давид Силва ќе ја почне својата последна сезона во Манчестер Сити, а Пеп Гвардиола не остава ништо на случајот, уште сега сака да ја ангажира неговата замена.

Според „Марка“, Гвардиола смета дека Иско е фудбалерот кој може да го замени Давид Силва во Манчестер Сити.

Пеп ја прати ситуацијата на Иско која не е многу блескава. Тој беше во втор план минатата сезона во Реал Мадрид, иако со доаѓањето на Зидан доби поголема минутажа на теренот.

Иско е брилијантен фудбалер и тоа го покажал во многу натпревар. Тој е по мерка на Гвардиола бидејќи е играч кој го користи мозокот и разбира фудбал.

Со доаѓањето на Азар во Реал Мадрид, позицијата на Иско дополнително е загрозена, па доколку на адреса на кралскиот клуб пристигне понуда реални се шансите таа да биде прифатена, но сигурно нема евтино да се откажат од неговите услуги.

Се шпекулира за сума од околу 80 милиони евра. Реал Мадрид е активен на трансфер пазарот во поглед на купувањето, но мора и да продава за да биде запазен финансискиот фер плеј.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести