3 C
Skopje
Wednesday, January 27, 2021

Гваидо: Спремен сум за разговор со Мадуро

Најчитани вести

Лидерот на опoзицијата во Венецуела, Хуан Гваидо, изјави дека е спремен за дијалог со претседателот на државата, Николас Мадуро, за да најдат решение за политичката криза.

Истовремено, Гваидо вели дека е спремен и да соработува со Русија, која застана зад Мадуро.

Во интервју за француската телевизија „Франција 24“ тој рече дека опозицијата би можела да разговара со диктаторот, но, исто така, повика на продолжување на демонстрациите и дипломатскиот притисок врз Каракас.

Коментирајќи ја изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека не треба да се отстапува од демократските процедури и дека судбината на Венецуела треба да се реши преку избори, Гваидо вели дека тој и неговите сојузници внимателно следат што зборува рускиот, но и францускиот лидер.

„Ние секако сме подготвени да соработуваме со рускиот претседател, но и со сите други претседатели за овој проблем“, вели Гваидо, додавајќи дека инсистира на слободни избори во Венецуела, со присуство на странски набљудувачи.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести