23.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

Гаја: Ни се заканија со казна, а Дијакаби нè замоли да го продолжиме натпреварот

Најчитани вести

Натпреварот помеѓу Кадиз и Валенсија (2:1), одигран вчера во Ла Лига, мина во расистичкиот скандал. Хуна Кала од Кадиз го навредил Муктар Дијакаби, играчот на Валенсија го напушти теренот, а од солидарност, истото го направија и неговите соиграчи.

Играчите на Валенсија, без Дијакаби, 20 минути подоцна се вратија на теренот. Капитенот Хосе Гаја рекол дека морале да се вратат на теренот, бидејќи им се заканиле со жестоки санкции. И самиот Дијакби ги замолил да го доиграат натпреварот.

„Ни кажаа дека доколку не се вратиме ќе ги изгубиме бодовите во овој меч и дека веројатно ќе следува и казна со одземање бодови. Дијакаби нè замоли да го доиграме мечот, ние не сакавме да излеземе на теренот. Тој не сакаше да го продолжи натпреварот“, рекол Гаја, истакнувајќи дека навредата била многу грда.

„Не сакам да го изговорам она што Кала му го кажа да Дијакаби. Кала последен го напушти теренот, не стигнав да разговарам со него“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести