14.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

Гаши смета дека нема потреба од брзи избори – „Треба стабилност и да работиме за ЕУ иднина“

Најчитани вести

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во вчерашниот дебатен магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ќе бидат конструктивни овој период.

„Ќе се консултираме со албанските политички фактори во регионот. Ни треба стабилност. Како претседател на опозициска партија би рекол дека добро е да има брзи избори, но како одговорен политичар сметам дека не треба да има избори. Не е одговорно и чесно кон граѓаните. На последните парламентарни избори граѓаните кажаа која Влада треба да ја води државата, на локалните избори граѓаните кажаа кој треба да ги води општините. Затоа велам, треба да сме одговорни и да бидеме конструктивни и кооперативни, треба да има стабилност во земјата“, вели Гаши.

Тој додава дека за тоа дали сакаат да бидат дел од актуелното мнозинство ќе треба да разговараат во партијата.

„Да направиме анализи. Да се консултураме со меѓународниот фактор и ќе донесеме одлука. Ако имаме силна потврда дека блиску сме до датум, тогаш немаме дилема каде треба да се ориентираме“, посочи Гаши.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com