12.8 C
Skopje
Saturday, November 27, 2021

Гатузо ќе добие отказ во Наполи

Најчитани вести

Прашањето кое се поставува по синоќената елиминација на Наполи од Купот на Италија е дали Џенаро Гатузо ќе го дочека крајот на сезоната како тренер на клубот?

Наполи не се во форма, имаат три порази во последните четири натпревари, во сите натпреварувања. Од оваа перспектива, според игрите, немаат шанси да изборат пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.

Поради ова позициите на Џенаро гатузо во клубот сериозно се разнишани.

Италијанските медиуми шпекулираат дека три имиња се во игра за негов наследник. Лучано Спалети, повеќе од една година е без работа, Иван Јуриќ одлично работи со Верона и Рафаел Бенитез, кој од пред еден месец е невработен.

Добро упатените во случувањата во Наполи, како фаворит го издвојуваат Бенитез, кој во периодот 2013-2015 беше тренер на Наполи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com