Џенаро Гатузо се враќа на работа по една година пауза и е на чекор да биде нов тренер на Валенсија.
Италијанецот минатото лето беше назначен за тренер на Фиорентина, но си замина по само неколку недели поради недоразбирања со управата околу летните засилувања. Сега тој е во финални преговори со Валенсија, бидејќи вчера бил во Сингапур на средба со сопственикот на „лилјаците“, Питер Лим. Наводно сите детали се договорени и наскоро ќе има официјална промоција на „Месталја“.
Гатузо претходно работеше како тренер на Наполи, две сезони беше на клупата на својот поранешен клуб Милан, а беше предводник и на Пиза, ОФИ, Палермо и Сион.