4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Гани: Да останев, ќе имаше крвопролевање во Кабул, не сум зел пари

Најчитани вести

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани, кој е во егзил во Обединетите Арапски Емирати, во средата изјави дека го напуштил Кабул за да спречи крвопролевање и ги отфрли обвинувањата дека ја напуштил претседателската палата со голема сума пари.

Гани беше жестоко критикуван од поранешните министри зашто ја напушти земјата кога талибанските сили влегоа во Кабул во неделата.

„Да останев, ќе бев сведок на крвопролевање во Кабул“, рече Гани во видеопораката објавена на Фејсбук, што е негов прв јавен коментар откако беше потврдено дека тој е во Емиратите.

Тој, исто така, рече дека ги поддржува преговорите меѓу талибанците, кои ја презедоа власта во Кабул, и поранешните високи авганистански функционери, додавајќи дека е „во преговори да се врати“ во својата земја од која избега, пренесува агенцијата АФП.

„Ја поддржувам иницијативата на Владата за преговори со (поранешниот потпретседател) Абдулах Абдулах и поранешниот претседател Хамид Карзаи. Посакувам овој процес да биде успешен“, рече тој во видеопораката.

Тој додаде дека владини претставници го советувале да си замине.

Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати вчера потврди дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани е во таа заливска земја.

Гани избега од земјата во неделата попладне кога талибанците влегоа во Кабул, но до вчера не се знаеше каде се наоѓа.

Авганистанскиот амбасадор во Таџикистан во средата тврдеше дека Гани со себе зел 169 милиони долари. Тој го нарече бегството на Гани „предавство на татковината и народот“, пренесува Би-би-си.

АФП пренесува дека официјален Вашингтон го отпишал говорот на Гани како „коментар на човек што повеќе не игра никаква улога во Авганистан“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com